
Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во Австралија на 8 години затвор откако се изјасни за виновна за убиство од небрежност на 85-годишната сосетка Лолин Вајтхенд.
Овој случајот е од јули 2024 година во Мелбурн.
Богојевска ја задушила старицата, а потоа го сокрила телото во кеса и го фрлила во реката Марибирнонг. Телото било пронајдено два дена подоцна од рибар.
По смртта на сосетката, Богојевска од нејзиниот дом украла пари, накит, банкарски картички и лични документи.
Со украдените средства купувала лотариски тикети, ваучери, чевли и iPad-и во вредност од речиси 4.000 австралиски долари.
Обвинителството првично ја товареше за убиство, но подоцна беше прифатено изјаснувањето за убиство од небрежност.