
Кипар внимателно ги следи случувањата, Грција размислува за прераспоредување на „Патриот“ на Крит
Република Кипар сите овие месеци превентивно презема зголемени мерки, рекол за кипарската новинска агенција ЦНА надлежен извор, коментирајќи го текстот на „Фајненшл тајмс“, според кој Кипар е меѓу можните цели на Иран во случај на нов американски напад, јави дописничката на МИА од Атина.
Република Кипар сите овие месеци превентивно презема зголемени мерки, рекол за кипарската новинска агенција ЦНА надлежен извор, коментирајќи го текстот на „Фајненшл тајмс“, според кој Кипар е меѓу можните цели на Иран во случај на нов американски напад, јави дописничката на МИА од Атина.
Истиот кипарски извор за ЦНА додал дека внимателно ги следат случувањата и посочил дека четири грчки авиони Ф-16, како и грчката фрегата „Никифорос Фокас“, се наоѓаат на Кипар.
„Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на два „внатрешни извори“ во Техеран, објави дека иранските сили ја разгледуваат можноста за напад врз американски воени цели во југоисточна Европа, како што се Бугарија и Кипар, како одговор во случај на нов напад од САД.
На почетокот на март годинава со дрон беше нападната британска возена база во близина на градот Лимасол на Кипар, по што Грција веднаш испрати помош, односно четири Ф-16 и една фрегата, кои остануваат на островот.
Токму оваа помош за безбедноста на Кипар, ја споменале извори од Министерството за одбрана на Грција за грчката новинска агенција АНА-МПА, коментирајќи го натписот во „Фајненшл тајмс“ и објасниле дека меѓу сценаријата што се разгледуваат е и можноста, доколку биде потребно, грчкиот противракетен систем „Патриот“, што сега е на островот Карпатос, да биде преместена во воената база во Суда на Крит.
Истите извори, посочиле дека се разгледува и можноста Грција да ѝ помогне на Бугарија во зајакнувањето на нејзината противвоздушна и противбалистичка заштита, со обезбедување „Патриот“, во случај да биде упатено такво барање и доколку тоа биде одобрено од владиниот советот за национална безбедност.