Тешка вечер во прилепско Чаниште: Пламената стихија зафати неколку куќи

Информацијата попладнево ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во вонредна изјава за состојбата со пожарите.

Огнот навлезе во делови од прилепското село Чаниште, а според првичните информации, пламените јазици зафатиле неколку стари и напуштени куќи, како и најверојатно една населена куќа.

Информацијата попладнево ја соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во вонредна изјава за состојбата со пожарите.

Според него, пожарот се проширил кон делови од населеното место, поради што состојбата на терен е сериозна.

„Огнот навлезе во делови од прилепското село Чаниште. Според првичните информации, зафатени се неколку стари напуштени куќи и најверојатно една населена куќа. Добро е тоа што нема повредени жители ниту пожарникари“, информира Ангелов.

Екипите на терен продолжуваат со интервенцијата и со напорите да се стави пожарот под контрола и да се спречи негово натамошно ширење кон објектите во селото.

Засега нема информации за повредени лица, ниту меѓу жителите, ниту меѓу пожарникарите кои учествуваат во гаснењето.

Повеќе детали за причинетата материјална штета и за состојбата со пожарот се очекуваат по целосна проценка на ситуацијата на терен.