АХВ: Пиперките од Македонија со пестициди ќе бидат уништени
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е известена дека Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради зголемено ниво на пестициди. Како што изјави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, се чека одлуката дали количините ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла.

-Операторот има право пиперката да биде уништена или да биде вратена и ние заедно со Инспекторатот за земјоделство да ја уништиме по негово барање или по барање на земјата увозник. Известени сме за конкретниот случај, чекаме да видиме дали ќе биде уништена во Бугарија или ќе биде вратена тука, па операторот ќе ја уништи на Дрисла, изјави денеска директорот Mиланов.