
Синоптичарите за викендов најавуваат претежно стабилно време.
Се очекува дневната температура да се движи во интервал од 27 до 35 степени во текот на денешниот ден, а утре од 30 до 37 степени.
Утринските температури ќе бидат доста пониски – од 8 до 16 степени.
Во понеделник исто така се очекува доста топло време, а во вторник ќе има одредено заладување, послаби врнежи на повеќе места и претежно облачно време .
Високите температури најверојатно ќе се задржат до крајот на месецот, со мала можност за слаби врнежи.