
Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка.
Повеќе од 16 години Хајредини беше оперативен директор на првата национална телевизија на албански јазик Алсат.
Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција.
Хајредини беше искусен менаџер во медиумскиот сектор со експертиза во маркетинг, бизнис стратегии и телевизиска продукција. Покрај неговата менаџерска кариера, тој има работено и како преведувач на стручна литература.