Пожар од големи размери во селото Дајас во близина на Тирана

Пожар, кој избувна доцна попладнево, во селото Диа кај Тирана, се прошири на голема површина.

Пожар, кој избувна доцна попладнево, во селото Диа кај Тирана, се прошири на голема површина.

-Пламените јазици, потпомогнати од ветерот, се шират брзо, додека чадот ја покрива целата област. Пожарникарите продолжуваат да се борат со пламените јазици, кои се со големи размери. Во опасност биле и две противпожарни возила и неколку пожарникари, кои брзо се повлекле, објавија локалните медиуми.

Во гаснењето се вклучени пожарникари, полициски и армиски сили, а се гасне и од воздух.

Во моментов, на територијата на земјата има  10 активни пожари во областите Тирана, Фиер, Драч, Ѓирокастеро, Пешкопеја и Корча. Во просек дневно се регистрираат по 25 пожари.

Исто така, објавено е дека за справување со ситуацијата се ангажирани над 450 оперативни сили, вклучувајќи персонал од вооружените сили, пожарникари, шумската служба и волонтери, додека интервенцијата е поддржана од воздух од три хеликоптери на воздухопловните сили и два авиони „Ер Трактор“.