
Трамп: Ако го смените Инфантино, Светското првенство никогаш повеќе нема да биде толку успешно
Трамп се огласи на својата социјална мрежа Truth Social за да каже дека отстранувањето на претседателот на ФИФА би бил скап потег. „ФИФА би направила ужасна грешка ако воопшто размислуваат да го заменат претседателот Џани Инфантино од која било причина“, напиша американскиот претседател.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го бранеше шефот на ФИФА, Џани Инфантино, велејќи дека неговото отстранување би било „страшна грешка“. Позицијата на Инфантино е доведена во прашање откако неговиот план да продаде удел во Светското првенство на приватни инвеститори пропадна.
Трамп се огласи на својата социјална мрежа Truth Social за да каже дека отстранувањето на претседателот на ФИФА би бил скап потег. „ФИФА би направила ужасна грешка ако воопшто размислуваат да го заменат претседателот Џани Инфантино од која било причина“, напиша американскиот претседател.
„Тој е фантастичен и штотуку го водеше најуспешното Светско првенство досега, четири пати поуспешно од кое било претходно. Ако си замине, натпреварувањето никогаш повеќе нема да биде толку успешно или профитабилно!“, рече Трамп.
Во меѓувреме, УЕФА и две други конфедерации ги одржаа своите први разговори за организирање на сопствени натпреварувања како одговор на потезите на претседателот на ФИФА. Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) и КОНКАКАФ, која управува со фудбалот во Северна и Централна Америка и Карибите, го обвинија Инфантино за „измама“.
Според достапните информации, тие сакаат да му дадат можност да поднесе оставка и чесно да се пензионира од функцијата, без нова кандидатура во март следната година. Овој потег има за цел да се осигурат од продлабочување на кризата. УЕФА неодамна се закани дека ќе ги бојкотира натпреварите на ФИФА.
Инфантино се извини за предлогот за основање компанија наречена ФИФА Форвард Ентерпрајз (ФФЕ). Оваа компанија требаше да управува со комерцијалните и оперативните работи на турнирите на ФИФА, а планот вклучуваше продажба на околу 20 проценти од уделот на приватни инвеститори.
И покрај извинувањето, лидерите на УЕФА, АФЦ и КОНКАКАФ потпишаа отворено писмо во кое бараат од ФИФА независно да го разгледа планот на Инфантино, иако тоа не е директно споменато во текстот.
„Управувањето со фудбалот не е приватна сопственост“, се наведува во писмото. „Не станува збор за поседување или барање моќ. Должност е да се служи на фудбалското семејство кое му верувало. Кога таа доверба е предадена со измама, кога поединецот се става над колективот кој му дал авторитет, таа должност е напуштена.“