
Демантирани гласини околу продолженијата на „Бетмен“
Иако обожавателите сакаат што поскоро да го видат и третиот дел од приказната со Роберт Патинсон во насловната улога, Ган јасно ги отфрли гласините дека вториот и третиот дел од трилогијата ќе бидат снимани еден по друг.
Додека режисерот Мет Ривс е зафатен со работа на продолжението на „Бетмен“, шефот на студиото на „Ди-си“ (DC), Џејмс Ган разреши еден од најголемите сомнежи меѓу обожавателите.
Иако обожавателите сакаат што поскоро да го видат и третиот дел од приказната со Роберт Патинсон во насловната улога, Ган јасно ги отфрли гласините дека вториот и третиот дел од трилогијата ќе бидат снимани еден по друг.
Во последните денови на социјалните мрежи се ширеа шпекулации дека „Бетмен: II дел“ и „Бетмен: III дел“ би можеле да бидат снимани истовремено. Сепак, Ган им стави крај на ваквите тврдења во разговор со обожавателите на социјалната мрежа „Тредс“. Имено, прашан од корисник – дали може да ги потврди или отфрли податоците дека вториот и третиот филм ќе бидат снимани еден по друг, тој кратко одговори дека ги негира наводите.
Патинсон дури и се пошегува за долгото чекање на продолжението, велејќи дека ќе биде „премногу стар“ кога ќе се врати на снимањето.
Мет Ривс веќе почна со работата на долгоочекуваното продолжение во Велика Британија, а дополнително внимание привлекоа и новите пробни снимки на Роберт Патинсон во костимот на Бетмен. Беше виден и препознатливиот „Бетмобил“ во снежно окружување.
Џејмс Ган претходно потврди и дека сценариото за „Бетмен 2“ е завршено, по бројни одложувања. Почетокот на снимањето на филмот исто така беше одложуван неколкупати.
Според најновите наводи, „Бетмен 2“ треба да се прикажува од 18 февруари 2028 година.