
Силјановска Давкова се огради од случајот со разузнавачот Тодоровски
Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Киро Тодоровски кој имаше условна пресуда за изборни нерегуларности во случајот Титаник но беше именуван да ја претставува Агенцијата за разузнавање во Виена со стекнат сертификат државна тајна.
Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Киро Тодоровски кој имаше условна пресуда за изборни нерегуларности во случајот Титаник но беше именуван да ја претставува Агенцијата за разузнавање во Виена со стекнат сертификат државна тајна.
По речиси неколку дена молк а по барање на дел од опозициските партиите и јавноста откако побаравме и ние став од Вила Водно во дописот за ТВ 24 наведуваат дека Агенцијата за разузнавање ја носи одлуката а истата ја потпишува директорката на Агенцијата.
Кабинет на Претседателката на државата Гордана Силјановскја Давкова
– Имено, согласно член 1 став (2) од Законот за Агенцијата за разузнавање, „Агенцијата претставува посебен орган на државната управа“, а согласно член 5 од истиот закон, „директорот самостојно ги врши работите и ги остварува надлежностите на Агенцијата“. Оттука, кадровските, организациските и оперативните одлуки се донесуваат исклучиво во рамките на законски утврдените овластувања на овој самостоен орган. Впрочем, директорот/директорката, а не претседателот/претседателката на државата ја потпишува одлуката за избор на претставник на АР во ДКП, врз чија основа министерот за надворешни работи носи решение за упатување, по што тој/таа потпишува акредитивно писмо, коешто претставникот го предава во надлежната служба на земјата-домаќин.
Во дописот од кабинетот на претседателката дообјаснуваат, но и потсетуваат дека надзорот врз работата на агенцијата го прави Собранието.
Кабинет на Претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова
– Потсетуваме дека законодавецот утврдил механизам на демократска и институционална контрола врз работата на Агенцијата за разузнавање. Имено, согласно член 21 од Законот, Собранието врши надзор над работата на Агенцијата преку надлежната собраниска комисија. Значи, сомнежите за незаконско постапување на Агенцијата можат да се проверат преку иницирање постапка на парламентарен надзор над работата на Агенцијата.
За назначувањето на Тодоровски како претставник во Виена веќе реагираше и политичката партија Левица и бараа одговори и од претседателката и од агенциите но и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ од каде пак само кратко за ТВ 24 веќе посочија дека не гледаат ништо спорно во процедурата и во постапката која е класифицирана .
До сега конкретно не се произјаснија ниту АНБ ниту од Агенцијата за Разузнвање ниту Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации .
Кривичниот суд ја издал на 21 мај 2026 година, пресуда за Тодоровски сè уште се наоѓа во казнената евиденција. Условната казна од две години, со време за проверување од пет години, е правосилна од 18 мај 2023 година, што значи дека Тодоровски и во моментот на враќањето во Агенцијата, и при добивањето на сертификатот, и при заминувањето во Виена официјално имал статус на осудувано лице.