Американски огномет влезе во Гинисовата книга на рекорди

Најголемиот огномет во историјата, составен од 840.537 пиротехнички направи, го изведоа американските компании „Фридом 250“ и „Питотекнико, Инк“ на настан организиран оваа година од „Ивент Стратеџис Инк“ во Вашингтон за да се прослави американскиот национален празник 4 јули, објави веб-страницата на Гинисовата книга на рекорди.

Пред овогодинешното одбележување на 4 јули, Денот на независноста на САД, американскиот претседател Доналд Трамп вети дека овогодинешното одбележување на 4 јули ќе заврши со најголемиот огномет во историјата.

Оваа година, САД го одбележаа Денот на независноста и 250-годишнината од усвојувањето на Декларацијата за независност.