ЦУК: Изгаснати сите 22 пожари на отворен простор, нема активни жаришта

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор, но сите се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор, но сите се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Според податоците на ЦУК, заклучно со 07:30 часот, нема активни пожари, ниту пожари под контрола, а сите 22 регистрирани случаи се целосно изгаснати.

Пожари биле регистрирани на повеќе локации низ државата, при што најчесто гореле ниска вегетација, грмушки, сува трева, депонии и отпад.

Изгаснати се пожари во општините Чучер-Сандево, Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Битола, Прилеп, Струга, Крива Паланка, Тетово, Желино, Кавадарци, Куманово, Центар, Арачиново и Гостивар.

Меѓу поголемите интервенции бил и пожарот во кавадаречкиот регион, кај локалитетот Раец кон селата Дреново и Ќесендре, каде што гореше нискостеблеста деградирана шума и сува трева.

Од ЦУК посочуваат дека состојбата се следи постојано и апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено во периоди со високи температури, кога ризикот од појава на нови пожари е зголемен.