
Пожар на Евија, огнената стихија се приближува до населените места
Во областа Латас на грчкиот остров Евија е во тек голема операција за гаснење на пожарот, кој се приближил до населените места, објавија грчките медиуми.
Во областа Латас на грчкиот остров Евија е во тек голема операција за гаснење на пожарот, кој се приближил до населените места, објавија грчките медиуми.
Во гаснењето учествуваат 68 пожарникари со два тима од 20-та пешадиска дивизија, 20 противпожарни возила, шест канарди и три хеликоптери, објави „Катимерини“.
До жителите на Евија е испратена СМС порака од надлежната државна служба и предупредување да бидат во готовност за евентуална евакуација, особено во земјоделското и шумското подрачје во областа Латас каде што пожарот се приближува до населените места, пренесува „Танјуг“.
Пожарникарите постојано добиваат засилување за да се изборат со пожарот додека пристигнуваат цистерни со вода.