Анкета: Помалку од половината Турци позитивно ја оценуваат работата на претседателот Ердоган

Од работата на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган задоволни се 44,5 отсто од граѓаните, додека 51 процент изјавиле дека не се задоволни, а 4,5 отсто изјавиле дека немаат мислење, покажуваат резултатите од најновата анкета на турската социолошка агенција „Метропол“.

Агенцијата истакнува дека резултатите значително варираат од политичката определеност на анкетираните граѓани.

Меѓу гласачите на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во Турција, 81,1 процент се задоволни од работата на Ердоган, додека 16,2 отсто не се задоволни. Додека за гласачите на Партијата за националистичко движење (МХП), главниот сојузник на АКП, 60 проценти од испитаниците изјавиле дека се задоволни, а 40 отсто негативно одговориле.

Во исто време, 83,4 проценти од гласачите на главната опозициска Републиканската народна партија (ЦХП), и 88,8 отсто од гласачите на националистичката опозициска Добра партија не се задоволни од работата на Ердоган.

Анкетата е телефонски спроведена, при што се испитани 1.165 испитаници од 28 турски области, во периодот од 15 до 25 јуни.

Ердоган од 1994 до 1998 година беше градоначалник на Истанбул. Додека од 2003 до 2014 година беше премиер. Ердоган е претседател на Турција од 2014 година.