
Основање на Кинеско – македонска стопанска комора
На настанот, како што најавуваат организаторите предвидено е да се обратат Жаолонг Шао, претседател на Кинеско-македонската стопанска комора и заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски.
Во Скопје денеска ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора.
На настанот, како што најавуваат организаторите предвидено е да се обратат Жаолонг Шао, претседател на Кинеско-македонската стопанска комора и заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски.
Исто така, на настанот на основање на Комората, ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник во амбасадата на Народна Република Кина во Македонијa.
Потоа предвидено е да се одржи панел-дискусија на тема „Зајакнување на економската соработка и трговската размена меѓу Кина и Македонија: можности, предизвици и идни перспективи“.