Во болницата во Демир Хисар се упатува пациентот кој без инстаграм-видео во кое ќерката бараше помош, не можеше да биде хоспитализиран
Човекот за кого ќерката јавно преку Инстаграм видео побара итна помош од органите, за да се хоспитализира во психијатриска установа и да се лекува од алкохолизам, откако била одбивана претходно со образложение дека нема место, моментално од кумановската болница се транспортира во психијатриската установа во Демир Хисар каде ќе биде хоспитализиран, дознава „Слободен печат“ од свои доброупатени извори.

Транспортот ќе биде организиран со полициска придружба, сестра и комбе од болницата. Според нашите неофицијални информации, со денови семејството е одбивано да биде хоспитализиран човек за кого ќерката тврди дека треба да се лекува од алкохолизам бидејќи агресивно се однесува дома, а вчера се заканил дека ќе ја убие сопругата. Но, во Демир Хисар болницата го хоспитализира дури по објавувањето на видеото во медиумите, а според наши информации, со интервенција на висок функционер во Владата чија област воопшто не е здравството.
Здравствениот систем за хронични пациенти, очигледно затајува и ги остава жртвите незгрижени, меѓу другото и поради необезбедени капацитети и своеволие на директорите на психијатриските установи. Медиумската експонираност на случаите, честопати води до нивна разрешница, но оставени сами на себе, пациентите и нивните семејства мака мачат иако плаќаат здравствено осигурување.
Меланија со јавен eмотивен повик за помош за институционална заштита од семејно насилство