Меланија со јавен eмотивен повик за помош за институционална заштита од семејно насилство
Дипломираната физиотерапевтка Меланија преку видео на социјалните мрежи јавно побара помош од надлежните институции, тврдејќи дека со години таа и нејзиното семејство живеат во страв поради лице со психички нарушувања и зависност од алкохол.

Таа наведува дека заедно со мајката, бабата и братот со церебрална парализа повеќепати барале интервенција од полицијата и здравствените институции, но без трајно решение.
„Не барам сожалување, туку институциите да ме слушнат. Не мора да има жртви за системот да реагира“, порачува Меланија, апелирајќи за итна заштита и навремена институционална реакција.
Нејзиното сведоштво повторно ја отвори јавната дебата за ефикасноста на системот во заштитата на жртвите на семејно насилство и за потребата од побрза реакција во случаи кога постои ризик за безбедноста на семејствата.