Влен е спремен, но е против предвремени избори по секоја цена

Партијата Влен е спремна за избори, особено после позитивниот резултат на локалните избори, вели првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Но, смета дека граѓаните очекуваат да видат остварување на ветеното.

Партијата Влен е спремна за избори, особено после позитивниот резултат на локалните избори, вели првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Но, смета дека граѓаните очекуваат да видат остварување на ветеното.

Во прилог на тезата дека не се плашат од избори во кој било момент, генералниот секретар на Влен вели дека раководат со 10 општини и тој факт е добра почетна точка за разлика од нивните опоненти кои се во опозиција. Но, доколку се направи споредба помеѓу тоа дали и колку се потребни избори сега, со очекувањата на граѓаните, вели оти според него треба да се реализира сè што е реална потреба за граѓаните. Еве дел од разговорот:

360°: Тоа е вашата призма, но ВМРО-ДПМНЕ може во еден момент да има друг интерес. Може да сака да се оди на предвремени избори.

Беким Сали: Без разлика на интересот на ВМРО-ДПМНЕ, ние зборуваме сега за албанскиот блок, ние како Влен, ние зборуваме за тоа што се очекувањата на граѓаните.

На прашањето што доколку премиерот Христијан Мицкоски каже оти би се одело на избори и веднаш потоа во остварување на Преговарачката рамка со Европската Унија, Сали вели дека доколку има нов политички момент кој ќе ја смени динамиката на развој во земјата и доколку тоа е важно за државата, секако дека би биле спремни.

„Меѓутоа, дека ние како политичка партија бараме предвремени избори само за да покажеме дека еве ќе ги добиеме изборите, мислам дека тоа е погубно и за нас како политичари и за граѓаните“, рече Сали.