Забрането капење на плажа во Варна поради опасно високо ниво на бактерии во морето
Регионалниот здравствен инспекторат во бугарскиот град Варна денеска соопшти дека е воведена привремена забрана за капење на Офицерската плажа поради значително зголемено присуство на бактерии во морската вода.

Според соопштението, анализите покажале особено високо ниво на бактериите ешерихија коли и цревни ентерококи, поради што надлежните одлучиле привремено да го забранат капењето на оваа плажа.
Како што пренесува бугарскиот портал „Нова“, на плажата ќе биде поставена предупредувачка табла со која посетителите ќе бидат информирани дека капењето во оваа област е привремено забрането.
Во меѓувреме, регионалниот гувернер на Варна свикал состанок со претставници на Регионалниот здравствен инспекторат и концесионерите на плажите, со цел да се утврдат механизми за построга контрола на чистотата и редовно следење на квалитетот на морската вода.
Надлежните најавија дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, а забраната ќе остане во сила сè додека резултатите не покажат дека водата повторно е безбедна за капење, објави Скопје1.мк.