СП 2026: Прва победа за Шпанија на Мундијалот
Репрезентацијата на Шпанија во второто коло од групата Х вчера ја постигна првата победа откако ја совладаа селекцијата на Саудиска Арабија со 4:0. Прашањето на победникот Шпанците го решија до средината на првиот дел кога имаа предност од три голови.

Серијата голови ја почна Ламин Јамал во 10.минута, а потоа со двата гола на Микеи Ојарзабал во 21 и 24.минута „црвената фурија стигна до предноста од 3:0, резултат кој беше и на полувреме. Во второто полувреме беше постигнат само еден регуларен гол, кој беше всушност автогол на Хасан Алтамбакти во 49.минута. Шпанија во финишот постигна гол, но поради офсајд беше поништен.