„Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација“, велат од СДСМ

На две години од формирањето на Владата предводена од Христијан Мицкоски, Социјалдемократски сојуз на Македонија преку соопштение упати серија критики за економските и политичките состојби во државата, оценувајќи дека земјата се соочува со економски проблеми, зголемен јавен долг и политичка изолација.

Од партијата тврдат дека буџетот е под сериозен притисок и дека до средината на годината е потрошен најголемиот дел од планираниот буџетски дефицит за 2026 година, поради што, според нив, ребалансот на буџетот е неизбежен.

СДСМ обвинува дека економскиот раст не е резултат на зголемено производство и извоз, туку главно на лична потрошувачка, што, според партијата, не претставува одржлив модел на развој.

Во партиското соопштение се наведува и дека Владата не ги исполнила ветувањата за подобар животен стандард, повисоки плати и подобрување на економската состојба на граѓаните.

Опозициската партија тврди дека странските инвестиции се намалени, а јавниот долг е зголемен за повеќе од 2,5 милијарди евра во изминатите две години.

Во делот на надворешната политика, СДСМ оценува дека државата се наоѓа во период на политичка изолација и дека евроинтегративниот процес е во застој.

„Наместо подобар живот, граѓаните добија сиромаштија, несигурност и изгубена европска перспектива“, се наведува во реакцијата на партијата.