Ердоган сака да разговара со Путин за прекин на војната во Украина, Кремљ соопшти дека е подготвен

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сака да разговара со својот руски колега Владимир Путин за напорите за прекин на војната во Украина, откако разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сака да разговара со својот руски колега Владимир Путин за напорите за прекин на војната во Украина, откако разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата.

Како што објави Ројтерс, Ердоган го кажа ова на новинарите во авионот на враќање од Јужна Кореја.

Турскиот претседател изјави дека неговиот министер за надворешни работи и други надлежни функционери разговараат со двете страни за можна средба меѓу Русија и Украина во Турција.

На прашањето за можен разговор меѓу Путин и Ердоган, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека во моментов нема конкретни планови, но дека таков разговор би можел да се организира на краток рок доколку е потребно.

Минатата година, Турција беше домаќин на три рунди директни преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул, на 16 мај, 2 јуни и 23 јули. Преговорите резултираа со голема размена на затвореници, но не и прекин на огнот.

Во јуни оваа година, Путин изјави дека Москва е подготвена да ги продолжи преговорите врз основа на предлозите дискутирани во Истанбул, а продолжувањето на преговорите меѓу Русија и Украина со посредство на САД, според Ројтерс, се очекува следната недела.