(ВИДЕО) Илиоски: Во Софија ме знаат како Македонецот виолончелист

Осврнувајќи се на тоа колку, имајќи ги во вид политичките недоразбирања помеѓу Македонија и Бугарија, влијаат врз културната соработка, Илиоски вели дека до сега бил пречекуван со отворени раце.

„Многу отворени врати, многу шанси за тој што работи. Таму важи принципот – колку работиш, толку добиваш. Има многу високо, и како што еден мој колега вели – можеш да имаш најдобри концерти, но со еден лош концерт ќе ти требаат 20 да си го вратиш доброто име“, изјави за „Трилинг“, виолончелистот Антонио Илиоски, за тоа како е да се студира во метрополата на Бугарија, Софија.

Илиоски вели дека музичката сцена во Бугарија е многу развиена.

„Уште се под ефект на руската школа и од ден за ден има по три или четири концерти, филхармонија, опра, претстави.

– И кај нас има доволно квалитетен кадар, од професорите, менторите, студентите, но само треба да се потегне и да почне“, смета Илиоски.

За него мотивот да се одлучи за овој инструмент е Жаклин Дупре, француската виолончелистка која ги поместува границите во 20-ти век заедно со Мастислав Ростроповиќ, за да се докаже дека виолончелото не е само оркестарски инструмент, туку може и да биде соло инструмент.

-Македонија имала многу добри и познати виолончелисти, но никогаш не излегле на таа европска или светска сцена.

-За жал, или за среќа, времето останува на нас младите, така што гледам да грабам и да одам понатаму“, вели Илиоски.

Виолончелистот вели дека уште од мали нозе се знаело дека кариерата, и покрај тоа што тренирал кошарка и пливање, музиката ќе биде таа по којашто ќе биде препознаен.

На прашањето колку се вклопува на новите модели на музицирање, Илиоски вели дека голем дел од него, и како жртва, и како знаење, го остава на страна од инструментот.

Околу соработката, заедничкиот албум со Јана Лолова, пијанистка од Бугарија, и што значи да се биде во тандем со уметник од Бугарија, Илиоски вели:

„Во Бугарија многу научив што значи дисциплина, и духовна и физичка. Кај нив многу важи правилото дека кога нешто почнуваш мораш и да го завршиш. И дека нема откажување. Имаше еден период кадешто јас морав да се адаптирам на сето тоа. Лолова е одличен пијанист и музичар, и наши многу познати и добри пијанисти имаат превисоки критики, одлични коментари и комплименти за Јана.

-Така што мислам дека се најдовме во одличен период во животот, каде што и на неа и требаше музичар од мојот ранг, но и на мене пијанист од нејзиниот ранг.“

Осврнувајќи се на тоа колку, имајќи ги во вид политичките недоразбирања помеѓу Македонија и Бугарија, влијаат врз културната соработка, Илиоски вели дека до сега бил пречекуван со отворени раце.

„Таму ме знаат како Македонец виолончелист, и мислам дека се многу среќни и горди, што јас сум направил еден „ризик“ за мојата натамошна надоградба и да учам во тој период во Бугарија.

-Во Бугарија сум бил дел од најголемите пријателства, друштва, соработки, диригенти и оркестри секогаш биле со огромна почит настроени кон мене“, вели Илиоски.

Целиот разговор погледнете го во видеото