„Не е време да се кажам кои ќе бидат новите министри, кога претседателот на Бугарија Румен Радев, ќе и го додели мандатот на „Промените продолжуваат“.
Ова го изјави за бугарска Нова ТВ премиерот во оставка – Кирил Петков.
Според него, нема подобар вицепремиер и министер за финансии на Бугарија од Асен Василев, кој ги фатил обидите за кражба на пари од досегашниот министер за регионален развој – Гроздан Караџов, кој е од партијата на Слави Трифонов.
Петков рече дека неговата партија ќе испрати покана до сите пратеници од партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ и ќе ја претстави својата програма за следните шест месеци и за една година.
Според него, ако успеат да соберат 121 пратеник, Бугарија за првпат ќе има независна влада и задкулисните игри нема да може да влијаат на нејзините активности, како што беше случајот со партијата „Има таков народ“.
Радев ниту еднаш не и помогна на Владата и постојано ја критикуваше, коментира Петков.
Премиерот во оставка коментираше дека не го разбира Радев и дека за вакви важни национални прашања сите требало да седнат и да одлучат што да прават по ова важно прашање, бидејќи имало многу добар предлог од француското претседателство со ЕУ, кој ги штити интересите на Бугарија.
„Дали ГЕРБ и Бојко Борисов ќе се вратат на власт во Бугарија зависи од луѓето на улица и гласачите во неа“ рече Петков.