Петков одново ќе биде кандидат на „Продолжуваме со промената“ за нов премиер, тврдат бугарски медиуми

Досегашниот бугарски премиер Кирил Петков ќе биде номиниран од политичката партија „Продолжуваме со промената“ за премиер по изгласаната недоверба на неговиот кабинет. Тоа го потврди и самиот Петков на прашање на Њуз/Бг по завршувањето на гласањето во салата, излегувајќи пред демонстрантите собрани за поддршка на власта.

„Народот е тој што гарантира дека промената ќе продолжи. Од она што го гледаме ќе им дадеме уште една шанса на пратениците од „Има таков народ“. Но, ако им е страв – одиме на избори, изјави Петков.

„Промената ќе продолжи. Ова е единствениот начин да се промени Бугарија. Нема зделки, нема задкулисни зделки. Тоа што го кажуваме, го правиме“, нагласи тој.

И повторно истакна дека „Трифонов и Борисов и Митрофанова го соборија кабинетот“.