Владата на Бугарија, предводена од премиерот Кирил Петков падна. Бугарските пратеници изгласаа недоверба. Предлогот да се изгласа недоверба го поддржаа 123 пратеници во 240-члениот парламент. „Против“ изгласување недоверба на владата гласаа 116 пратеници. За недоверба на Владата гласаа 59 пратеници од ГЕРБ-СДС, 33 на ДСП 19 од Има таков народ (ИТН) и 12 на Преродба.
Владата на Петков, пак, ја поддржаа 67 пратеници од неговата партија Продолжуваме со промените, како и нивните колеги од коалициските БСП – 26 и Демократска Бугарија – 16 пратеници. Во краткото обраќање Петков рече дека му било чест што предводел влада која била „паднала“ поради лица како Бојко Борисов, Слави Трифонов, Пеевски и Митрофанова.
Сега претстои владата да си поднесе оставка, а претседателот Румен Радев на државата треба да почне консулатации со партиите во парламентот.
По гласањето Петков излезе од зградата на СОбранието каде беше пречекам од голем брј граѓани кои се поздравуваа со него и извикуваа „Промена“.