Вкупно 292 ученици комплетно одлични (со сите петки) се пријавиле во скопската гимназија „Орце Николов“ за дополнителното тестирање (поради големиот број пријавени). Од нив, според денешните информации, 39 ученици добиле единици, 70 двојки, 133 ученици добиле тројки, 39 ученици се оценети со четворки, а само 11 од нив имале петки.
Според објавената ранг листа, првиот кандидат, со најмногу бодови и 152, а последниот – 46 бода.
На социјалните мрежи се појави текст кој подетално ги објаснува состојбите:
„Биле тестирани 292 ученици (сите одлични, со просек 5,00). Тестот по математика носел максимум 100 поени, а по мајчин јазик максимум 70 поени.
1. Одличен успех (над 129 бода, т.е. над 76%) имаат покажано само 11 ученици, односно само 3,76% од тестираните.
2. Многу добар успех (од 107 до 129 бода, т.е. од 63 до 76%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36% од тестираните.
3. Добар успех (од 67 до 106 бода, т.е. од 39 до 63%) имаат покажно 133 ученици, односно 45,55% од тестираните.
4. Доволен успех (од 45 до 66 бода, т.е. од 26 до 39%) имаат покажно 70 ученици, односно 23,97% од тестираните.
5. Недоволен успех (под 45 бода, т.е. под 26%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36%од тестираните“.