(ВИДЕО) Филипче: Уште една голема лага на Мицкоски – владеењето на правото и независноста на институциите не се исполнети
„Денес на 1 јуни официјално истекува рокот што премиерот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, а тоа е да се исполнат неисполнетите точки од реформската агенда. И се потврди уште една јасна и недвосмислена лага на Христијан Мицкоски – така дојде на власт со лаги, така и владее. Според официјалната листа на владата, според официјалната листа во рамките на реформската агенда, до јуни 2025 година требаше да се донесат 16 закони. Тогаш се донесоа само шест. -За 10-те се доби продолжување на рокот сега до јуни 2026 година. И што се случи? Од тие 10 закони, кои што не биле донесени во јуни 2025 година, па Европа го продолжила рокот до јуни 2026-та година, повторно реализацијата е само 20%, односно донесени се само два закони – Измени на царински закон и Закон за безбедност на мрежни информациски системи“ рече на прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
„Денес на 1 јуни официјално истекува рокот што премиерот Христијан Мицкоски го постави пред граѓаните, а тоа е да се исполнат неисполнетите точки од реформската агенда. И се потврди уште една јасна и недвосмислена лага на Христијан Мицкоски – така дојде на власт со лаги, така и владее. Според официјалната листа на владата, според официјалната листа во рамките на реформската агенда, до јуни 2025 година требаше да се донесат 16 закони. Тогаш се донесоа само шест.
-За 10-те се доби продолжување на рокот сега до јуни 2026 година. И што се случи? Од тие 10 закони, кои што не биле донесени во јуни 2025 година, па Европа го продолжила рокот до јуни 2026-та година, повторно реализацијата е само 20%, односно донесени се само два закони – Измени на царински закон и Закон за безбедност на мрежни информациски системи“ рече на прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Тој вели „Закони за кои самата Европска Унија кажува дека не се донесени – Транспозиција на пакет за интеграција на пазарот на струја, понатаму нов Закон за судски совет, според препораките на Веницијанската комисија, односно Оценската мисија која што ја спроведе Европската Унија, а не така како што владата го донесе законот без усвоените препораки на Европска Унија, што значи дека сакаат да направат трик и да излажат, како што граѓаните ги лажат и официјалните лица во Европска Унија, но тоа таму не поминува. Понатаму, Закон за електронски комуникации, согласно европските стандарди, исто така не на начин на кој што Владата го усвои“.
„Понатаму, користење нематеријални средства како гаранција за кредити, јавен регистар на државни претпријатија и компании со државно учество и пополнување на сите работни места во Агенцијата за конфискуван имот. Ќе се осврнам на два од овие закони. Новиот Закон за електронски комуникации, затоа што Владата го брои како исполнета обврска, но Европската Унија јасно посочува дека законот вклучува одредби за финансирање на Оперативно-техничката агенција, а Европската Комисија изразува загриженост во однос на ова. Уште еднаш повторувам за трикот, кој што власта го направи со усвојувањето на Законот за Судски совет. Таа е практично манипулација со која што ја лажат Европската Унија, односно законот не е донесен согласно препораките на Оценската мисија. Донесен е повторно, на начин, како што се носеле сите други закони, а тоа е да одговара само на власта. Има други закони, листа на закони од дури 33, кои што не се донесени, а треба да се донесат и до крајот на 2026 година. Не се ни половина донесени, иако еве истекува шестмесечниот период од 2026-та година. Значи, вкупната реализација практично е катастрофална“ порача Филипче.
Смета дека „има суштински закони во сферата на правосудството, и веќе граѓаните се свесни дека ова е намерно неспроведување на реформската агенда од страна на премиерот Христијан Мицкоски. Зошто? Поради тоа што, тој не сака тука владеење на правото и поради тоа што него не му се потребни пари од Европската Унија, кои што ќе бидат контролирани, затоа што сака да се задолжува на нетранспарентен начин и без никаква контрола на трошењето на тие средства“.
„Се потврдува тоа што го говориме, изминатите месеци, дека оваа Влада едноставно не сака во Европа. И затоа велиме престанете да лажете. Се знае кој е патот напред, патот напред се уставните измени. Ако го испуштиме овој воз, ако ја испуштиме оваа можност, можеби следна, за граѓаните, за следните генерации, едноставно нема да има“ вели Филипче.