Вархеи му се заблагодари на Бојко Борисов

Еврокомесарот за проширување на Европската Унија – Оливер Вархеи му се заблагодари на Бојко Борисов – претседателот на ГЕРБ поради тоа што тој денеска соопшти дека францускиот предлог е прифатлив за неговата партија.

„Му благодариме на лидерот на опозициската ГЕРБ, Бојко Борисов, за историската одлука за Европа и за Северна Македонија да прифати преговори базирани на францускиот предлог дозволувајќи да се отворат пристапните преговори со Северна Македонија. Очекуваме владата да ги достави неопходните предлози до парламентот денеска за да може Европа да оди напред“, напиша Вархеи на „Твитер“.

Борисов изјави дека ГЕРБ ќе даде зелено светло за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија ако има таков предлог од бугарската влада во бугарскиот парламент.