
Нема да се поместиме милиметар додека не видиме испорака од Софија, рече Мицкоски
Добрососедските односи се двонасочна улица и не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер, порача премиерот Христијан Мицкоски, реагирајќи на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова, која рече дека Македонија треба да бара решенија, а не проблеми и дека Софија нема да отстапи од договорената рамка од 2022 година.
Добрососедските односи се двонасочна улица и не можете да танцувате сами – или танцувате со партнер или немате партнер, порача премиерот Христијан Мицкоски, реагирајќи на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова, која рече дека Македонија треба да бара решенија, а не проблеми и дека Софија нема да отстапи од договорената рамка од 2022 година.
Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски изрази загриженост за почетокот на новата влада во Бугарија, но посочи дека се надева оти со текот на времето разумот и рациото кај источниот сосед сепак ќе преовладеат.
-Гледам дека изгледа ќе бидат првата држава што ќе добие мерки од Европската централна банка, бидејќи ги фалсификувале и ги лажирале извештаите за буџетскиот дефицит. Имаат големи проблеми со инфлацијата, со економијата генерално, па можеби сега бараат нова тема, а најдобра тема е радикализирани ставови кога станува збор за македонското прашање. Но, ние сме трпеливи, ќе работиме и ќе победиме како многу пати што сме победиле во историјата – кажа премиерот.
Тој ги отфрли обвинувањата на Софија дека Скопје не нуди решенија.
-Ние нудиме цело време решенија. Софија пред себе има во минатото и други договори кои, за жал, не ги почитува, а тоа е, да речеме, потпишаната резолуција за заштита на човековите права. И на маса им стојат најмалку 14 пресуди што доаѓаат од Судот за човекови права во Стразбур, па тие не ги почитуваат. Е да, тие ќе ви кажат, „вие сакате да дојдете во клубот каде што сме ние“. Ние не сакаме да дојдеме во клубот каде што сте вие. Но, тоа е уцена и булинг – потенцираше премиерот.
Тој испрати јасна порака дека Македонија повеќе нема бескрајно да отстапува пред нерационалните блокади на бугарските власти за влез во Европската Унија.
-Ако веруваме и стоиме до европските вредности, тогаш треба да веруваме и стоиме до европските вредности, а ако тие мислат дека се таму и за ние да бидеме таму, треба да ги прифатиме нивните барања, тогаш оваа влада таа игра нема да ја игра и сè додека сум јас премиер, додека не видиме испорака од нивна страна, ние нема да се поместиме ниту милиметар – заклучи Мицкоски.