(ВИДЕО) Алиспахиќ за „шпионската афера“: ОЈО ГОКК не требало да соопштува било какви информации околу предистрагата

➡За една ваква една сериозна работа, а тоа е „протекување“ на било каква информација од претседателскиот Кабинет, според мене е несериозно јавно препукување на начинот како се води сето тоа“, изјави за „Трилинг“ адвокатот Асмир Алиспахиќ, говорејќи за наводната шпионажа во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

„Она што мене ме загрижува е протекувањето на информации во делот на начинот како органите постапуваат во делот на прибирањето на доказите околу предистрагата. Да не заборавиме, ова е предмет којшто сѐ уште во предистрага.

-Согласно Законот за кривична постапка, предистражните постапки и дејствијата коишто се преземаат, во предистрагата се тајност.

-За една ваква една сериозна работа, а тоа е „протекување“ на било каква информација од претседателскиот Кабинет, според мене е несериозно јавно препукување на начинот како се води сето тоа“, изјави за „Трилинг“ адвокатот Асмир Алиспахиќ, говорејќи за наводната шпионажа во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Според него ОЈО ГОКК не требало да соопштува било какви информации околу предистрагата.

„Замислете колку предмети сега се во предистрага. Замислете колку барања има, не само за ОЈО ГОКК, туку и сите обични Обвинителства во нашата држава, во делот на постапување на МВР и други органи.

-Чуму е јавното конфронтирање кога сѐ уште не знаеме што се случува во таа предистрага. Но ако сега ОЈО ГОКК истрча со било какво соопштение, а сѐ уште не знаеме дали воопшто ќе има предмет, сметам дека МВР тука е во право, и сметам дека ставовите на министерот за внатрешни работи, Тошковски, се во ред, бидејќи согласно Законот за кривична постапка, предистрагите се тајност и се водат во тајност“, вели Алиспахиќ.

Околу аферата „Мазут“ и можноста полицијата да крие докази цела година од отворањето на постапката, адвокатот смета дека во овој предмет се собирале сите докази, но она што е спорно е начинот како биле испитувани претставниците на ЕСМ,

„Секако, тука оштетеното правно лице има право на жалба, па да видиме Вишото Јавно Обвинителство како ќе постапува.

-Но она што мене ми остави впечаток е фактот што оваа акција беше бомбастично најавувана, со апсење на многу лица инволвирано, според тогаш поднесената кривична пријава, па определените најстроги мерки притворски – куќен притвор, па потоа заменети со гаранција, но има еден дел каде што како ОЈО ГОКК ќе се соочите со различно толкување и различно гледање на доказниот материјал. Тогаш тие мерки се престроги.

-Доколку ОЈО ГОКК во една предистрага увидела дека има или нема потреба за најстрогите мерки, чуму се тогаш тие мерки да се поднесат и да се одржуваат до некој период од 4 до 6 месеци“, вели Алиспахиќ.

Целото интервју погледнете го во видеото.