Почна вакцинација против Ковид-19 за деца постари од 6 месеци во САД

Во САД започна дистрибуција на вакцина против Ковид 19 за деца постари од 6 месеци. Вакцината наскоро ќе биде достапна низ целата земја, информираше координаторот на Белата куќа за Ковид-19 – доктор Ашиш Јха.

Американските регулатори минатата недела ја одобрија вакцината на „Модерна“ во две дози за младите на возраст од 6 месеци до 5години, како и на „Фајзер-БиоНТех“ во три дози за шестмесечни бебиња до четиригодишни деца.

Еден од пет родители на деца помали од пет години потврди дека ќе го вакцинира своето дете, штом тоа биде овозоможено, покажа објавена анкета.

Според официјални податоци, 29% од децата на возраст од 5 до 11 години целосно се вакцинирани со „Фајзер-БиоНТех“, откако вакцината е одобрена во октомври минатата година.