
Центар го оживува старото скопско корзо
Општина Центар во соработка со Здружението на пензионери од општината вечерва од 19 часот го организира настанот „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време“. Настанот ќе почне од плоштадот „Македонија“ со симболична прошетка низ старото скопско корзо, а потоа продолжува во салата на ООУ „Димитар Миладинов“ каде ќе се одржи свечена игранка.
Општина Центар во соработка со Здружението на пензионери од општината вечерва од 19 часот го организира настанот „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време“.
Настанот ќе почне од плоштадот „Македонија“ со симболична прошетка низ старото скопско корзо, а потоа продолжува во салата на ООУ „Димитар Миладинов“ каде ќе се одржи свечена игранка.
Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски ги повикува граѓаните да го почувствуваат шармот на некогашните променади низ центарот на Скопје.
– Ќе прошетаме покрај Ристиќева палата, поранешниот хотел „Македонија“, „Кенан“, „Ванила“ и „Громби“ – местата каде што се создаваа најубавите спомени. Ќе се потсетиме на златните скопски времиња, кога корзото беше центар на светот, место каде што се раѓаа првите симпатии и љубови, а еден поглед значеше повеќе од илјада пораки на мобилен телефон, вели Герасимовски во повикот.
Според Активот на жени пензионери на Општина Центар, настанот е можност да се прошета по некогашното корзо и да се разбудат спомените од младоста.