Се отвора шпионско досие во кабинетот на Сиљановска Давкова

Обвинителката за гонење организиран криминал Катерина Коларевиќ три месеци чека Министерството за внатрешни работи (МВР) да ѝ одговори, да испрати резултати по нејзината наредба за анализа на податоци земени од компјутери од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по дојава за оддавање службена и државна тајна и шпионажа од вработен од Кабинетот.

Обвинителката за гонење организиран криминал Катерина Коларевиќ три месеци чека Министерството за внатрешни работи (МВР) да ѝ одговори, да испрати резултати по нејзината наредба за анализа на податоци земени од компјутери од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по дојава за оддавање службена и државна тајна и шпионажа од вработен од Кабинетот.

Истовремено, МВР не му одговара на Обвинителството ни за содржината на материјалот од видеокамерите во претседателскиот и пред претседателскиот кабинет, за да се докаже точно кој преснимувал и извлекувал доверливи информации од компјутерскиот систем, јавува СДК.мк.

„До денеска, и покрај сериозноста на предметот, чувствителноста на околностите и значењето на навременото постапување, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) нема нема добиено известување од МВР за резултатите од преземените дејствија, ниту за прибраните докази.​ Од страна на МВР до денес не се доставени ни повратни информации, известување, за преземени дејствија во врска со обезбедувањето на копиите од видеонадзорот“, вели Обвинителството за гонење организиран криминал.

МВР два дена молчи за големиот скандал и обвинувањата од Обвинителството.

Од ОЈО ГОКК за СДК.мк изјавија дека, по добиено известување на 18 декември 2025 од Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал кое се однесувало на настан од 24 ноември 2025 и по постоење индиции за преземени недозволени активности од висок државен интерес, истиот ден отвориле предистражна постапка и веднаш ги презеле сите неопходни мерки и активности согласно своите законски надлежности.

Во рамки на постапката, до Основниот кривичен суд Скопје било доставено Барање за издавање наредба за пребарување на компјутерски систем, со цел да се утврдат содржините што евентуално биле неовластено преснимени од информативниот систем во Кабинетот на претседателката. Истражителите одзеле компјутери, лаптопи од кабинетот на Сиљановска-Давкова, биле дадени во МВР да ги вештачи. Од МВР, како одговорно за безбедносните камери, Коларевиќ ја побарала содржината за да види со лик на слика, т.е. на снимка, кој извлекувал информации со доверлива содржина.

„Истовремено, беа издадени и наредби за екстракција на податоци од персонални и лаптоп компјутери доставени до МВР од Кабинетот на Претседателката. Дополнително, до Кабинетот на Претседателката беше упатено барање за доставување копии од видео записите од безбедносните камери поврзани со пријавениот настан, за периодот во кој истиот се случил. На 30.12.2025 година, до МВР – Сектор за компјутерски криминал, како надлежен орган за откривање кривични дела и обезбедување докази, беше доставена наредба за анализа на екстрахираниот доказен материјал. На почетокот на 2026 година, по добиено известување дека Кабинетот на Претседателката не располага со копии од видеонадзорот, бидејќи опремата е набавена преку Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), а надлежноста за ракување и чување на записите е кај МВР, предметниот јавен обвинител се обрати и до СОЗР и до МВР за нивно итно обезбедување. Од СОЗР беше добиено известување дека институцијата не располага со видеозаписи, туку дека нивната надлежност се однесува исклучиво на набавка на опремата, додека чувањето и располагањето со копиите од записите е во надлежност на МВР. Но и покрај тоа, од страна на МВР до денес не се доставени повратни информации, ниту известување за преземени дејствија во врска со обезбедувањето на копиите од видеонадзорот“, вели Обвинителството.

На 16март 2026, МВР достави известување само за дел од преземените активности кои се однесуваат на обезбедување пристап до криптираните податоци од дотогаш екстрахираната компјутерска опрема. Воедно, до ОЈО ГОКК биле доставени и два мобилни телефона одземени од пријавениот вработен и главен на Информатичкото одделение во Кабинетот, со барање за нивна екстракција во Истражниот центар на ОЈО ГОКК, по што веднаш била издадена наредба од Коларевиќ за постапување.

Потоа, таа сакала да ги соочи резултатите од наредбата за вештачење што ја дала во МВР и тие од вештачењето на телефоните во истражниот центар кај нив, во ОЈО за гонење организиран криминал.

„На 25.03.2026 година, имајќи ја предвид сериозноста и чувствителноста на предметот, јавниот обвинител до МВР – Сектор за компјутерски криминал достави наредба за анализа на податоците од мобилните телефони, како и заедничка анализа на податоците екстрахирани од компјутерската опрема обработена во Истражниот центар на ОЈО ГОКК. Дополнително, беше побарана и анализа на постапувањето по судската наредба за увид и пребарување во информативниот систем на Кабинетот на Претседателката, со задолжение до обвинителството да биде доставено известување за прибраните докази. До денес, и покрај сериозноста на предметот, чувствителноста на околностите и значењето на навременото постапување, ОЈО ГОКК нема добиено известување од МВР за резултатите од преземените дејствија, ниту за прибраните докази“, вели Обвинителството.​

Зошто МВР ја кочи оваа истрага за наводна шпионажа, засега немаат одговор ни Обвинителството кое има моќ да ги уапси одговорните во Министерството, а ни министерот Панче Тошковски.