Петков за опстанокот на неговата Влада: Оптимист сум!

Премиерот на Бугарија – Кирил Петков денеска изјави дека е оптимист за опстанокот на неговата Влада која се соочува со гласање на недоверба во Собранието.

Тој при влегувањето во Собранието рече дека причината за таквото негово тврдење е затоа што луѓето кои ја поддржуваат бугарската Влада и го тераат да мисли така.

Гласањето за недоверба беше поднесено од партијата ГЕРБ поради „неуспех во областа на јавните финансии и економската политика“ на Владата.

За да опстане владата на Кирил Петков мора да собере 121 глас од вкупно 240.

Расправата ќе се води денеска, а гласањето треба да се одржи 24 часа по нејзиното завршување, во среда навечер или четврток предпладне.