Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Антонио Милошоски побара од премиерот Димитар Ковачевски и од министерот за надворешни работи – Бујар Османи денеска во Собранието да ги достават до пратениците двата документи – Протоколот и преговарачката рамка.
Во дописот Милошоски бара пратениците уште денеска да ги добијат документите и веќе утре за нив да расправа сдобраниската Комисија за надворешна политика со која претседава Милошоски.
-Барам до пратениците да ги доставите Протоколот кој се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија, кој е изработен и усогласен со учество на владини претставници од Македонија и од Бугарија и Преговарачката рамка која Ви е доставена од француското ЕУ претседателство и во која билатералните спорови се утврдени како дел од условите за добивање на датум за преговори. Право на Бугарија е да си одлучи да дискутира за темата Македонија во нивното Собрание, но за Владата и за Собранието во Македонија ваквата расправа во претставничкиот дом на граѓаните е уставна и морална обврска, бидејќи се работи за нашата држава“ – пишува Милошоски во писмото.