Канцеларот на Германија – Олаф Шолц вели дека рускиот претседател Владимир Путин стравува дека „искрата на демократија“ ќе се прошири и врз неговата земја и додаде дека се обидува да ја подели Европа и да се врати во светот во кој доминираат сферите на влијание.
Шолц во интервју за весникот „ Muenchner Merkur“ вели дека „рускиот претседател мора да прифати дека во неговото соседство постојат заедници на демократијата што се темелат на законот кои се повеќе се приближуваат“.
„Тој очигледно се плаши дека искрата на демократијата ќе се прошири и врз неговата земја. Нема да успее во тоа“ – кажа германскиот канцелар.