Бајден нема да оди во Украина во јуни

Претседателот на САД – Џозеф Бајден вчера изјави дека нема да ја посети Украина кога ќе отпатува во Европа подоцна овој месец, на самит со сојузниците на Вашингтон.

Тој рече дека верува оти постои голема веројатност Украина да стане членка на Европската Унија.

Лидерите на ЕУ се очекува да ја разгледаат препораката на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Украина кон крајот на оваа недела.