Во бугарската престолнина попладнево се одруваат два митинга за поддршка на бугарската Влада предводена од премиерот Кирил Петков.
Едниот е пред зградата на претседателската администрација како потсетник на претседателот Румен Радев дека ги има истите луѓе кои во 2020 година ги нападнаа неговите канцеларии. Митингот е организиран од Националната граѓанска иницијатива „Правда за сите“.
Дел од присутните на овој митинг биле и екс-претседателот на Народното собрание – Никола Минчев и привремениот претседател на бугарскиот Парламент – Мирослав Иванов.
Уште еден митинг се одржува попладнево пред Народното собрание на Бугарија. Целта е да се испрати јасен сигнал дека сакаат да се зачува политичката стабилност и да нема промена на прозападниот курс на Бугарија.