Македонскиот државен врв, пред се претставниците на Владата се крајно воздржани во врска со францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија.
На иста линија е и претседателот Стево Пендаровски. Тој за „Фокус“ вели дека ќе ја почека финалната верзија, по што ќе го сподели својот став.
„Францускиот предлог е во фаза на усогласување меѓу земјите – членки на ЕУ и ние можеме да ја коментираме само неговата финална верзија. Инаку, ставот на претседателот Пендаровски е познат, а тој е дека секое решение на спорот со Бугарија не треба да задира во идентитетот на македонскиот народ што е одамна потврден факт во светот“ – велат од кабинетот на Претседателот.