Димитров: Со францускиот предлог се оди под нашите позиции и црвени линии!

„Ние сакаме да ги почнеме преговорите или сакаме да ги завршиме преговорите и да влеземе во членство, затоа што не носи во едно тесно сокаче што е исклучително комплициреано, обременето со барањата на Бугарија, при што се прават преседани и за други држави кандидати што ќе следат после нас“.

Ова меѓудругото денеска го изјави поранешниот вицепремиер за евроинтеграции – Никола Димитров.

Тој пред панел дискусијата организирана од Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ) по повод презентација на документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: какво јаболко може да загризе Македонија?” оцени дека со францускиот предлог се оди под нашите позиции и црвени линии, и се внесуваат билатералните прашања во преговарачката рамка.

Тој додава дека таа концесија е направена многу лесно, без притоа да се побара во најмала рака Бугарија да ја тргне унилатералната декларација од македонскиот јазик, а одговорноста за тоа ја префрла на Владата.

„Не може во Македонија ние да впишуваме бугарска заедница во Уставот на барање на Бугарија, а Бугарија за мнозинскиот народ, за македонскиот народ кој зборува македонски јазик, уште не е на чисто со македонскиот идентитет. Ние не бараме да ни го признае јазикот. Државите не признаваат јазици, но имаат обврска да го почитуваат правото на самоизјаснувње и самоопределување на македонсккиот народ. Тоа што го направи Грција со Преспанскиот договор. Проблемот на овој предлог е прво што не го решава македонско – бугарскиот проблем затоа што негирањето уште постои. Додека Бугарија не се откаже од таа агенда, да не отрезни нас Македонците, тој проблем нема да биде решен, и ние не можеме да го затвориме македонското прашање со последнта држава која што има проблем со тоа, тоа е Бугарија“ рече Димитров.