Славјанка Петровска – министерката за одбрана за „Утрински брифинг“, на прашањето кога земјава ќе има жена генерал, рече дека е подготвена да поддржи такво решение.
„Од моето неколкумесечно искуство и директна соработка и работа со персоналот и во Министерството и во Армијата, бидејќи кандидатката треба да биде воено лице, апсолутно сметам дека да – имаме таков потенцијал и мислам дека тоа е нешто што треба да се валоризира, не само заради тоа што некој е жена, туку заради тоа што навистина поседува квалитети. Во тек во Министерството за Одбрана и Армијата се проекти кои ги работиме заедно и со Канцеларијата на Обединетите Нации и со DCAF кои се однесуваат на таргетирање на родово сензитивни прашања – тие вродуваат со огромен успех и се разбира дека секогаш ќе ја имаат мојата политичка поддршка за тоа“ рече Петровска.