Дизелот пак поскапува – бензините конечно поевтинуваат
Марко Бислимоски – претседателот на Регулаторната комисија за енергетика денеска на прес-конференција ги соопшти новите цени на нафтените деривати во земјава кои ќе важат од вечерва на полноќ.
Како што истакна, цената на дизел горивата ќе се зголеми за половина денар. Бензините конечно ќе поевтинат за 1,50 денари.
Денеска, во текот на денот се очекува да излезе официјалното соопштение со најновите цени на нафтените деривати.