Хрватскиот шеф на дипломатијата заразен со корона по враќањето од Охрид

Гордан Грлиќ Радман – министерот за надворешни и европски работи на Хрватска вчера се тестирал и е позитивен на ковид-19, објавија од хрватското МНР.

Во соопштението стои дека министерот Грлиќ Радман имал благи симптоми на болеста, дека добро се чувствува и дека ќе работи од дома.

Тој учествуваше минатата недела на Преспа-форумот што се одржа во Охрид.

Хрватскиот министер од Охрид во Загреб допатувал во петокот, со авион, заедно со шефот на турската дипломатија – Мевлут Чавашоглу.

Во Охрид имаше средби и разговори со македонскиот државен врв како и со многу странски претставници.