Зеленски: Очигледно Русија неделава ќе ги интензивира непријателските напади!

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски вчера изјави дека очекува Русија да ги интензивира нападите врз Украина, додека Киев неделава ја очекува одлуката на Европска Унија за доделување на статус земја кандидат за членство.

„Очигледно е дека оваа недела Русија ќе ги интензивира непријателските. И не само против Украина, туку и против другите европски земји“ рече тој во вечерното видео обраќање.

На 23. и 24. јуни се одржува редовен самит на ЕУ, на кој, меѓудругото, ќе се разговара и за мислењата на Европска Комисија објавени минатата недела за апликациите на трите земји – Украина, Молдавија и Грузија.