ДУИ избра претседатели и членови на локалните совети во 10 ограноци: Овој ден е важен за нас
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска на директни партиски избори во 10 ограноци избра претседатели и членови на претседателството, како и претседатели и членови на локалните совети.
Лидерот на ДУИ – Али Ахмети на прес-конференција информираше дека се избрани претседатели и членови на локалните совети во ограноците на Брвеница, Боговиње, Чашка, Долнени, Гостивар, Студеничани, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино.
На изборите биле пријавени 10.423 членови во 10 ограноци на ДУИ, од кои гласале 75%.
„Овој ден е многу важен за ДУИ. Следните две децении ДУИ ги започнавме со водење на целосно демократски процес со непосредни избори и овој процес нема да застане тука, туку ќе продолжи и во другите ограноци, правејќи ја ДУИ и нејзините граѓани уште посилни и подемократски, поодговорни со единствена цел за да бидеме на граѓаните, за граѓаните и со граѓаните“ – рече меѓудругото Али Ахмети.
Во огранокот во Боговиње за претседател е избран Бесник Емшиу, во Брвеница – Еркин Јахи, Чашка – Нафи Дурмиши, Долнени – Џемил Ќамили, Гостивар – Валдет Џафери, Студеничани – Ејуп Абази, Теарце – Нухи Незири, Тетово – Фатон Ахмети, Врапчиште – Неби Реџепи и во Желино е избран Емир Сулејмани.