Ковачевски: Македонскиот јазик треба да биде јасно дефиниран во преговарачката рамка!

„Ако францускиот предлог биде потврден од сите земји-членки на ЕУ, а потоа и усвоен од бугарското Собрание, ќе го анализираат експерти во Македонија“.

Ова денеска го изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со коалициските партнери.

Тој потенцира дека дотогаш тој нема да ги коментира деталите кои произлегоа од документот за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Во однос на јазикот, премиерот кажа дека македонскиот јазик треба да биде јасно дефиниран во преговарачката рамка.

На средбата претседателите од 27 политички партии во Владата потпишаа Декларација за стабилност со заеднички заклучок- предвремени парламентарни избори нема да има бидејќи ќе ги продлабочат кризите во земјава.

Најавите од преседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски за целосна блокада на институциите, Ковачевски ги оцени како штетни и неодговорни.