„Пристапувањето на Украина во Европската Унија е можно само во средината на векот, а дотогаш самата асоцијација би можела да исчезне“.
Ова го напиша денеска Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија на својот „Телеграм“.
Тој рече дека ситуацијата со пристапувањето на Украина во ЕУ е слична на градењето на комунизмот во СССР, датумот на спроведување на овие планови не е именуван, но има многу непроверливи апстрактни услови.
„Нивната објективна проверка е невозможна. Тие ќе бидат верификувани со децении и тоа ќе го прават новите генерации лидери на ЕУ, затоа „вистинскиот термин е средината на векот, а не порано. Што ако, да чукнам во дрво, ЕУ исчезне дотогаш? Страшно е да се мисли каков скандал ќе биде тоа, бидејќи какви жртви беа принесени до олтарот за влез во ЕУ и какво изневерување на очекувањата на несреќникот“ смета Медведев.