Конашенков: Убивме 50 украински генерали и офицери!

Игор Конашенков – портпаролот на Министерството за одбрана на Русија изјави дека руските сили ја окупирале населбата Метолкине, во источните предградија на Северодоњецк.

„Офанзивата во правец на Северодоњецк се развива успешно“ – рече Конашенков и додава дека руските сили го погодиле командниот центар на украинската армија во регионот Днепро, со крстосувачки ракети со долг дострел, при што загинале повеќе украински генерали и офицери.

„Како резултат на нападот, беа уништени повеќе од 50 генерали и офицери на вооружените сили на Украина, вклучително и Генералштабот, командата на трупната група Каховка, трупи за воздушен напад и формации кои дејствуваа во насока на Николаев и Запорожје. Во тој момент имало работен состанок на командниот штаб на оперативно-стратешката група на воената група `Александрија`“ – посочи Конашенков.