ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што политички лидери прават состаноци во Владата!

„Скандал е тоа што политички лидери прават состаноци во Влада и ја партизираат. Лидерите на политичките партии дел од Коалицијата на власта не се владини функционери, ниту министри за да се среќаваат во Влада и да држат коалициони состаноци. Владата е за владини состаноци, на премиерот и министрите, а не за претседателот на СДСМ, Ахмети и нивните коалициони партнери.

Ковачевски покажа дека нема капацитет да води во кризни моменти, и иако знае дека нема знаење да ја извади државата од криза од себични причини не сака избори, само за да остане на власт и да може да краде. Ковачевски не кажа ниту што мисли за Францускиот предлог. Дали Ковачевски мисли дека некој му верува кога вели дека не знае кој е Францускиот предлог или дека не го видел“ – реагираат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.